Фарса

Ти знаеш дека не ме сакаш мене, ни па ја те сакам тебе, се ова е фарса. Ти знаеш дека кожата под хулахопките ми се ежи и без да ја допреш , јас знам дека усните ти се горки и без да ги пробам. Ние знаеме дека ова е жед. Ти знаеш дека не ме […]

Кукли на конци

Си врзав шамар, и уште еден потоа. На огледалото. Сама пред себе. Смири се! Кога го запознав осетив дека сме две кукли на конци и некој од горе не управува. Моето однесување не беше мое, та ни неговото негово. Тука негде помеѓу емоциите и зборовите се сплеткавме. Кога го запознав знаев дека тие шамари пред […]

Ајде да бегаме

Колку време ти треба? Да бегаме.. Кога ќе ме прашаш што има? Кога ќе ме прашаш што има јас си ја каснувам устата. Да бегаме. Како , како да ти кажам дека кај мене во глава лудаци со мантили и раце врзани позади си играат вечерва криенка? Како да ти кажам дека едниов е невидлив […]

Барам станар, да бе станар!

Ти го топиш мразот со погледот на два еднакви дела, и капките што се слеваат од страните со устата ги собираш… Ти си прецизен.. Го кршиш сонот уште непочнат. Ти знаеш како да бидеш и просјак и крал во исто време, просјак и крал во срцето мое. Палам цигара и се потпирам на дрвената масичка […]

Мирот, мирот кога ќе сфатиш колку ти недостасува

  Ќе се тргнеш сосема случајно од болното секојдневие што ти прави дупка во петите и модра сенка под очите. Ќе се тргнеш сосема случајно, ко да вадиш камче од патиката без никој да те примети. Ни самиот нема да знаеш колку гласови слушаш кога ќе престане да ги има. Ќе те облие врела пот […]

Бетер од тоа!

  Громови и молњи над нас, ние самите бевме бетер од тоа. Громови и молњи над нас, тогаш повторно се видовме. Електрично празнење во тој поглед на нашите души. Громови и молњи над нас, ништо не не руши ни убива, да се мразиме ќе продолжиме да живееме. Седевме на еден видиковец, ме погали со прстите […]

Ќе те има, па ќе те нема…

  Модро ми е лицево од мастилото што го шљакав додека го пишував и ова писмо. Модро ми е лицево од мастилото што го размачкав додека го кинев истото. Да беше сцена од филм, да беше глумец во театарска претстава, да беше жонглер, комичар, се тоа ќе го сфатев , ќе поминеше… Но не, ти […]

Кај и да идеш, на истото ќе се враќаш!

  Една стара баба еднаш ми рече, кај и да одиш синко, на истото ќе се враќаш, таква ти е ѕвездата. Си реков што и е на оваа, какво исто, не знае што збори. Излетав со главата во облаците, чиниш таму злато за секој здив кислород давале. Една стара баба, женичка, со збрчкано лице, со […]

Не било речено…

Косената трева ми има мирис на тебе. Косената трева ми има мирис на тебе, пролета пуста везден што и се радува. И секоја е иста, и пролет, и музика, и глас и месечина. Секоја е иста, потсеќа на тебе. Ама некој од горе рекол НЕМА. И пред неколку години кога реков , дај , дај […]

Ние сме поинакви

Ние сме чудни луѓе, со погледот се пронаоѓаме, душата во длабочината на зеницата ја препознаваме. Или си таков или не. Не можеш да се преправаш, не можеш да се смениш, таков, таков се раѓаш. Ние сме чудни луѓе живееме од денес за утре, правилата ги газиме ко сув лист на улица, додека сите го скокаат […]